УТРО.мк

Пијани зад воланот: Двајца возачи приведени по сообраќајни инциденти

Пијани зад воланот: Двајца возачи приведени по сообраќајни инциденти
Vero

Две одделни сообраќајни несреќи, предизвикани од возачи под силно дејство на алкохол, резултираа со приведувања во Струга и во Тиквешкиот регион.

Рано утрово, на регионалниот пат меѓу Неготино и Кавадарци, полициски службеници интервенирале откако патничко возило излетало од коловозот. Зад воланот се наоѓал 29-годишен жител на селото Глишиќ, кој управувал „фиат“ со кавадаречки регистарски ознаки. При контролата било утврдено дека возачот бил во тешка алкохолизирана состојба – алкотестот покажал дури 1,96 промили алкохол во крвта. Тој веднаш бил лишен од слобода.

Ден претходно, сличен инцидент се случил и во Струга. На улицата „Пролетерски бригади“, 36-годишен стружанец, управувајќи „ауди“, удрил во паркирано возило „мерцедес“, сопственост на 23-годишен жител на селото Франгово. По извршените проверки, полицијата констатирала дека возачот имал 2,25 промили алкохол во крвта, по што бил приведен и задржан во полициска станица.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран