УТРО.мк

Николоски со убави вести за македонските професионални возачи

Николоски со убави вести за македонските професионални возачи
Vero
aleksandar nikoloski
aleksandar nikoloski

Во значаен пресврт за македонскиот транспортен сектор, вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, објави дека Брисел ги прифатил ставовите на Македонија во врска со проблемите на домашните превозници.

„Возачите се прифатени како професионалци. Тоа е тоа што го баравме“, истакна Николоски.

Според информациите што ги сподели, после протестите и интензивната офанзива во изминатиот период, Европската комисија ќе донесе нова Стратегија за визи. Оваа стратегија ќе овозможи решавање на проблемите со кои се соочуваат професионалните возачи од Македонија при патувањата во земјите членки на ЕУ.

„Благодарам до сите пријатели на Македонија кои помогнаа со цел да се реши овој проблем“, додаде Николоски, нагласувајќи дека успехот е резултат на заедничка работа и посветеност.

Овој чекор се оценува како значаен за унапредување на условите за работа на македонските превозници и за зголемување на регионалната мобилност на професионалните возачи.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран