УТРО.мк

Лукоил Македонија се продава на американската Карлајл Груп

Лукоил Македонија се продава на американската Карлајл Груп
Vero

Руската нафтена компанија Лукоил е на чекор од голема трансформација на својата меѓународна мрежа. Компанијата постигна договор за продажба на својата странска единица, Лукоил Интернешнл ГмбХ, на американската инвестициска фирма Карлајл груп. Од компанијата информираат дека ова е резултат на неколку претходни обиди за продажба, поттикнати од санкциите кои САД ги воведе поради конфликтот во Украина.

Засега не се објавени финансиски детали за трансакцијата. Договорот, како што истакнуваат од Лукоил, ја исклучува активата во Казахстан, а целата зделка сè уште бара зелено светло од Министерството за финансии на САД. Компанијата додава дека преговорите со други потенцијални инвеститори продолжуваат.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран