УТРО.мк

Пензионерка измамена за 2.600 евра со лажен повик од „доктор’“

Пензионерка измамена за 2.600 евра со лажен повик од „доктор’“
Vero
pari
pari

Пензионерка од Штип наседнала на „лекарска измама“ и останала без 2.600 евра. Според информациите од СВР Штип, 72-годишната жена била контактирана телефонски од лице кое се претставило како доктор. Лажниот лекар ѝ соопштил дека нејзината ќерка доживеала пад и има сериозни скршеници, по што веднаш е потребна операција.

За да ја изведе наводната итна интервенција, измамникот убедил жената дека е неопходно да се плати одредена сума пари, додека зетот на жртвата обезбедувал крв за операцијата. Довербата ја чинела скапо: таа оставила 2.600 евра на договореното место. Кога сфатила дека станува збор за измама, веќе било предоцна.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран