УТРО.мк

Алберта меѓу Отава и Вашингтон: Трамп и тајните разговори

Алберта меѓу Отава и Вашингтон: Трамп и тајните разговори
Vero

Експлозивни наводи од Вашингтон фрлаат ново светло врз сè поотворените тензии меѓу САД и Канада. Според информации до кои дојде „Фајненшел тајмс“, високи претставници на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во изминатата година одржале серија дискретни средби со водачите на Проектот за просперитет на Алберта (АПП) — политичко движење што отворено се залага за отцепување на оваа канадска провинција.

Изворите тврдат дека функционери од Стејт департментот најмалку трипати, од април 2025 година наваму, се сретнале со претставници на оваа крајнодесничарска сепаратистичка група во американската престолнина. Средбите се одвивале далеку од очите на јавноста, а според истите извори, во февруари е планирана уште една — можеби и најконтроверзната досега. На неа, лидерите на АПП наводно планираат да побараат финансиска поддршка од САД во износ од неверојатни 500 милијарди долари, како „безбедносна мрежа“ доколку Алберта тргне по патот на независноста.

„Во Вашингтон постои исклучителен ентузијазам за идејата за слободна и независна Алберта“, изјави за весникот Џеф Рат, правен советник на АПП и учесник на состаноците. Тој отиде чекор понатаму, тврдејќи дека сепаратистичкото движење има „далеку посилна линија на комуникација“ со администрацијата на Трамп отколку официјалната канадска влада, предводена од премиерот Марк Карни.

Од американска страна, пораките се повнимателни. Портпарол на Стејт департментот призна дека институцијата „редовно комуницира со претставници на граѓанското општество“, но нагласи дека не се преземени никакви обврски. И Белата куќа потврди дека контакти имало, но инсистира дека Вашингтон не ѝ дава поддршка на агендата на АПП. Дополнително, извор близок до американскиот секретар за финансии Скот Бесент изјави дека Министерството за финансии не било информирано за евентуален заем и нема намера да разговара за таков предлог.

Алберта, богата со нафта и гас и сместена во западниот дел на Канада, со директна граница со американската сојузна држава Монтана, одамна има сложен однос со федералните власти во Отава. Провинцијата е дел од Канада од 1905 година, со Едмонтон како главен град и Калгари како економско срце. Нејзината економија се потпира на енергетиката, земјоделството и туризмот, а според „Фајненшел тајмс“, Алберта е најголемиот странски снабдувач со нафта на американскиот пазар.

Политичките амбиции на АПП добија дополнителен поттик во декември 2025 година, кога Изборната комисија на Алберта даде зелено светло за петиција со која се бара распишување референдум за отцепување од Канада. Со тоа официјално започна процесот на собирање потписи. Локалниот медиум „Coast Reporter“ наведува дека најмалку 240.000 жители изразиле подготвеност да ја поддржат иницијативата — бројка што, иако значајна, е далеку под вкупното население од околу 4,2 милиони. Лидерите на АПП одбија да откријат колку потписи реално се собрани досега.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран