
Трауматично искуство за патниците на летот QS4104 на „Смартвингс“ од Боа Виста кон Прага заврши со трагичен исход. По слетувањето на аеродромот „Вацлав Хавел“ во вторникот вечерта, во кабината на авионот беше пронајдена млада жена без знаци на живот.
Медицинските екипи реагираа веднаш по пристигнувањето на 21:51 часот, но сите обиди за спасување беа безуспешни – жената веќе беше почината. Чешката полиција ја потврди трагедијата.



























