УТРО.мк

Мерцедес-Бенц слави 140 години со премиера на новата С-Класа

Мерцедес-Бенц слави 140 години со премиера на новата С-Класа
Vero

Автомобилската премиера веќе одамна не е само спектакл на големите саеми во Франкфурт или Париз. Денес, новитетите може да се следат директно од паметен телефон или од телевизорот дома – и тоа токму се случува со најновата С-Класа на Мерцедес-Бенц. Поводот е историски: 29 јануари 2026 година го одбележува 140-годишниот пат од првиот автомобил создаден од Карл Бенц и Готлиб Дајмлер.

Главната ѕвезда на свеченоста е најновата С-Класа, која Мерцедес ја претставува како модел од целосно нова генерација. Според компанијата, повеќе од 2.700 компоненти се преработени или усовршени, со што лимузината го зацврстува својот статус на мерка за врвен комфор, безбедност и иновации.

Шефот на компанијата, Ола Калениус, лично најави дел од новитетите во видео со креативецот Џастин Це. На премиерата, што се емитува на јутјуб, присуствува и тениската легенда Роџер Федерер, долгогодишен амбасадор на марката. Дури и покрај тоа што автомобилот е уште маскиран, промените се очигледни: од класичната „исправена“ ѕвезда на маската до најновите достигнувања во дигиталната интелигенција со оперативниот систем МБ.ОС.

Третата голема иновација е зголемениот обем на персонализирани опции од одделението Мануфактур, кое сè повеќе ја привлекува вниманието на сопствениците на луксузни модели.

Во делот за возење, Калениус истакнува дека новата С-Класа ја носи усовршената пневматска амортизација Ерматик, со интелигентно прилагодување на силата на придушувањето на нерамнините – особено корисно за долги нерамни површини, карактеристични за Јужна Европа и САД.

Калениус веќе има создадено практика лично да ги претставува новите модели пред светската премиера, како што направи со електричниот ЦЛА и Г-Класата на струја, тестирајќи ги на патеките и полигоните на компанијата.

С-Класата, која низ децении поставува стандарди во комфорот, безбедноста и инженерското умеење, и денес ја олицетворува визијата на Мерцедес-Бенц. „Она што пред 140 години го започнаа Бенц и Дајмлер беше повеќе од нов автомобил. Тоа беше заложба. С-Класата е доказ дека таа заложба опстојува до денес“, вели Калениус.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран