
Царинските мобилни тимови извршија голема заплена на нелегални тутунски производи во Струга, која го открила обидот за избегнување плаќање на значителна акциза. Заедно со царинските службеници од царинарницата Битола при контрола на еден малопродажен објект пронашле огромна количина тутунски производи без акцизни марки – вредноста на запленетото изнесува повеќе од 1,8 милиони денари.
На теренот биле пронајдени 1.027 кутии цигари, 1.387 електронски цигари (вејпови), 530 цигарилоси, 503 пакувања тутун за наргиле, 77 пури и 19 пакувања тутун за пушење – сите без законски марки. Според Царинската управа, со оваа акција е спречен обид за нелегална трговија со акцизни производи, за кој државата би изгубила 509 илјади денари акциза.



























