УТРО.мк

24Инфо: Финансиска полиција со кривична пријава за првиот регулатор Бислимовски

24Инфо: Финансиска полиција со кривична пријава за првиот регулатор Бислимовски
Vero

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Марко Беслимовски, во својство на претседател на Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Според пријавата, Беслимовски, спротивно на Законот за енергетика и Правилникот за лиценци, иако бил должен, не отпочнал постапка за одземање на лиценцата за вршење енергетска дејност – трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт – на правното лице ТРИТЕРОЛ ПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје, иако компанијата не ги исполнувала законски пропишаните услови.

Наместо да донесе решение за одземање на лиценцата, пријавениот донел незаконско решение за прекин на постапката, со што лиценцата не била одземена на 15 јануари 2024 година, туку дури на 14 април 2025 година. На тој начин, како што се наведува, му овозможил на правното лице противзаконски да продолжи со вршење на енергетска дејност во период од околу 15 месеци по истекот на законските услови, како и да учествува и склучува договори во постапки за јавни набавки.

Со ваквото постапување, според Финансиската полиција, Беслимовски ги повредил прописите кои бил должен да ги спроведува и овозможил компанијата „Тритерол Петрол“ да оствари вкупен промет во износ од 194.520.962 денари, како и да се стекне со противправна имотна корист во висина од 14.093.576 денари.

Основното јавно обвинителство Скопје треба да одлучи за понатамошното постапување по поднесената кривична пријава.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран