УТРО.мк

Плата за невидливи работници – поранешен градоначалник под истрага за милионска измама

Плата за невидливи работници – поранешен градоначалник под истрага за милионска измама
Vero

Кривична пријава против поранешен градоначалник на Кичево за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и против четири лица за „перење пари и други приноси од казниво дело“

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(52) од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, како и против Ф.А.(62) од с. Зајас, А.Н.(38) од с. Србица, Х.Б.(37) од с. Црвевци и Б.С.(36) од с. Стрелци, за сторено кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Првопријавениот Ф.Д., во својство на градоначалник на Кичево, во периодот од 2021 до 2025 година, свесно и со умисла, постапил спротивно на одредбите од Законот за работни односи и непостапувајќи согласно Законот за локална самоуправа, склучил договор за вработување со останатите пријавени лица. Потоа, со пропуштање на должен надзор, свесно им дозволил да не доаѓаат на работа и да им бидат исплаќани плати, други надоместоци и придонеси од општинската каса и по истекот на законскиот рок не им го прекинал работниот однос.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран