УТРО.мк

Македонската партија во Албанија поднесе тужба против Владата за отворање мигрантски центри во Општина Пустец

Македонската партија во Албанија поднесе тужба против Владата за отворање мигрантски центри во Општина Пустец
Vero

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), поднесе тужба до Управниот суд на Албанија против Владата во Тирана. Повод за тужбата е одлуката за отворање три центри за мигранти на територијата на Општина Пустец, каде што живее македонско национално малцинство.

Од МАЕИ истакнуваат дека одлуката е донесена без консултација со локалната самоуправа, без јавна расправа и без почитување на правата на локалното население. Партијата бара изземање на Општина Пустец од државниот план за отворање мигрантски центри.

„Оваа одлука претставува директно загрозување на интересите, безбедноста и демографската стабилност на Македонската заедница во Општина Пустец. Таа е во спротивност со Уставот, законите и меѓународните обврски што Албанија ги има преземено за заштита на националните малцинства“, соопшти МАЕИ.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран