УТРО.мк

Оштетено луксузно возило во Тетово од залутано зрно

Оштетено луксузно возило во Тетово од залутано зрно
Vero

Во Тетово е оштетено луксузно возило „Порше Кајен“ откако го погодило залутано зрно од огнено оружје. Настанот бил пријавен на 12 октомври 2025 година, околу 11:20 часот, во СВР Тетово од страна на сопственикот Д.Т. (35) од Тетово.

Како што информира полицијата, оштетувањето било забележано пред неговата куќа на улицата „Предраг Јанчевски“, каде што на левото крило од возилото било пронајдено оштетување предизвикано од зрно.

Полициски службеници извршиле увид на местото на настанот, а зрното е подигнато за понатамошна анализа и постапка. Се работи на целосно расчистување на случајот и утврдување на потеклото на проектилот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран