Во Ајдучко Маало утре започнува асфалтирањето на улиците, најави Ангел Караптров, кандидат за советник од ВМРО-ДПМНЕ за општина Тетово.
Работите ќе стартуваат на улицата „Ѓоце Симоски“, додека на улицата „Предраг Јанчески“ ќе се изведуваат зафати на атмосферската канализација.
Караптров истакна дека овие активности се дел од пошироката иницијатива за подобрување на инфраструктурата и условите за живот во тетовските маала. Според него, ваквите зафати се доказ за посветеноста кон реални и видливи промени во секој дел од градот.