УТРО.мк

Апасиев со поддршка за независниот кандидат Зоран Николовски во Битола

Апасиев со поддршка за независниот кандидат Зоран Николовски во Битола
Vero

Претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, во рамките на партиските теренски активности ја посети Битола, каде што ја изрази поддршката за независниот кандидат за градоначалник, архитектот Зоран Николовски.

Носител на советничката листа на Левица во Битола е Горан Велевски, а партијата јавно потврди дека стои зад кандидатурата на Николовски, нагласувајќи дека поддржува професионалци и луѓе со визија за вистински развој на локалната заедница.

„Граѓаните се будат и се ослободуваат од стравот. Политиката се враќа меѓу оние на кои им припаѓа – народот,“ порачаа од Левица, додавајќи дека остануваат посветени на работа на терен, во директен контакт со граѓаните и со целосен фокус на реалните потреби на Битола.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран