Хамас ги ослободи првите заложници, меѓу кои се Гали Берман, Зив Берман, Матан Ангрест, Алон Охел, Омри Миран, Еитан Мор и Гај Гилбоа-Далал. Објавата за ослободувањето предизвика бурни овации кај присутните на Плоштадот на заложниците во Тел Авив.
Возилата на Црвениот крст се упатија кон деловите од Газа под израелска контрола, каде што заложниците ќе бидат предадени на израелските сили. Потоа тие ќе бидат префрлени во воената база Реим во јужен Израел, каде што конечно ќе се обединат со своите семејства.