Заменик-претседателот на рускиот Совет за национална безбедност, Дмитриј Медведев, денес остро го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп, тврдејќи дека тој „по стоти пат ѝ се заканува на Русија“.
„Трамп рече дека ако претседателот на Русија не го реши украинскиот конфликт, тоа ќе заврши лошо за него. Со други зборови, тој повторно се заканува. Ако овој бизнисмен-миротворец мисли на Томахавк ракети, тогаш се изразил погрешно. Испораката на тие ракети може да заврши лошо за сите, а пред сè за самиот Трамп“, напиша Медведев на својот Телеграм канал.
Тој дополнително предупреди дека „сто пати е јасно кажано она што треба да го разбере и ‘ѕвездено-пругастиот чичко’ (Трамп) – дека е невозможно да се направи разлика помеѓу нуклеарната и обичната верзија на Томахавк“.