УТРО.мк

Хрватска од јануари повторно воведува регрутација

Хрватска од јануари повторно воведува регрутација
Vero

Хрватска од почетокот на следната година повторно ја враќа задолжителната воена служба, потврди министерот за одбрана Иван Анушиќ. Тој најави дека законите за одбрана и служба во вооружените сили треба да бидат усвоени во парламентот следната недела, по што ќе започне спроведувањето на новиот модел на регрутација.

Анушиќ изјави дека во ноември и декември ќе започнат подготовките и повиците за основна воена обука, а првите регрути се очекуваат во касарните во јануари. Основната обука ќе трае два месеци и ќе вклучува физичка подготовка, самоодбрана, моторни вештини и техники за преживување.

Пред започнување на обуката, сите кандидати ќе минат лекарски преглед за да се утврди нивната способност, но тој нема да содржи тестирање за опијати, бидејќи тоа не е законски дозволено без согласност.

Министерот објасни дека моделот на двомесечна обука е преземен од постојниот систем на доброволна служба, кој од 2008 година успешно функционира. Доколку регрутите покажат интерес за понатамошна кариера, ќе можат да потпишат договор и да продолжат со специјализирана обука.

Според Анушиќ, спроведувањето на воената обука ќе ја чини државата околу 20 милиони евра годишно. Во процесот, покрај Министерството за одбрана, ќе бидат вклучени и министерствата за внатрешни работи и здравство.

Министерот додаде дека за цивилна служба надоместокот ќе биде значително помал отколку за оние кои ќе ја извршуваат воената обука во касарните.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран