УТРО.мк

Обид за палење викендица во Струмица – отворена истрага за загрозување на општата сигурност

Обид за палење викендица во Струмица – отворена истрага за загрозување на општата сигурност
Vero

Основното јавно обвинителство во Струмица отвори истражна постапка против едно лице поради обид да предизвика пожар со што би ја загрозил општата сигурност. Против осомничениот се води постапка за кривично дело – Обид за тешки дела против општата сигурност, по член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопштија од Обвинителството, осомничениот вчера попладне се заканил преку социјална мрежа на жител на Струмица дека ќе му ја запали викендицата. Неколку часа подоцна, се обидел да ја реализира заканата.

Инцидентот се случил на локацијата кај браната Водоча, каде што осомничениот со запален факел од хартија и текстил се обидел да ја запали натстрешницата на викендицата. Гредите почнале да чадат и да горат, а според Обвинителството, со тоа бил предизвикан сериозен ризик од пожар кој можел да се прошири и на соседните викенд-куќи, како и на околната ниско- и високостеблеста вегетација.

Поради опасност од бегство и можност за повторување на делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран