УТРО.мк

Македонската марихуана шверцувана во Србија како легална трговија на „квалитетни лесни перници“ – откриена софистицираната мрежа на шверц

Македонската марихуана шверцувана во Србија како легална трговија на „квалитетни лесни перници“ – откриена софистицираната мрежа на шверц
Vero

Софистициран канал за шверц на марихуана од Македонија кон Србија функционирал под маска на легална трговија со текстилна стока.


Дрогата била пакувана во пратки декларирани како „квалитетни лесни перници“, со што се избегнувале детални проверки на граничните премини. На документацијата стоката изгледала како обичен производ со ниска вредност и безбедносен ризик, што им овозможувало на организаторите непречено да ја транспортираат.


Според нашите информации, станува збор за добро организирана мрежа со јасно распределени улоги – производство и складирање во Македонија, транспорт преку легални превозници и преземање од посредници во Србија.

Дел од лицата веќе се под истрага, а се проверуваат и можни злоупотреби на регистрирани фирми кои служеле како параван.
Истрагата се проширува и на финансиските текови, бидејќи постои сомнеж дека заработката од нелегалната трговија била переана преку легални бизниси.


Овој случај повторно го отвора прашањето за тоа колку организираниот криминал успева да се прикрие зад формално легални трговски текови, како и потребата од засилена контрола на пратките што се движат во регионот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран