
Во јавноста се појави фотографија од безбедносна камера на која, според извори блиски до истрагата, е забележан осомничениот за серијата убиства што ја потресоа кумановската околина.

Станува збор за снимка од надзорна камера поставена на приватен објект, на која се гледа машка фигура како се движи во близина на куќите во доцните часови. Токму вакви движења, според истражителите, биле карактеристични за периодот пред нападите врз жртвите – лица кои најчесто живееле сами и во изолирани домови.
слободно се движел, никој не се посомневал.
Жителите од повеќе села во регионот сведочат дека осомничениот често бил гледан како пешачи или се движи со велосипед од едно место до друго. За многумина бил „познат лик“, но никој не помислил дека може да се поврзе со тешки кривични дела.
Истрагата сега ги анализира сите достапни видео материјали од камери на приватни објекти, продавници и дворови, со цел да се утврди точната маршрута на движење и можната поврзаност со секој од случаите што се преиспитуваат.
Извори блиски до истрагата велат дека токму ваквите снимки помогнале да се состави мозаикот на движењата на осомничениот во деновите кога се случиле нападите. Се проверува дали лицето од фотографијата се појавува на повеќе локации и во близина на домовите на жртвите.
Од обвинителството засега нема официјална потврда за деталите, но е најавено дека се врши темелна анализа на сите претходно затворени случаи со починати жени во регионот, за кои постои сомнеж дека можеби не биле природна смрт.
вознемиреност кај жителите.
Објавувањето на фотографијата дополнително ја зголеми вознемиреноста кај локалното население, кое со денови бара одговори – како осомничениот со години се движел низ селата без да биде откриен.























