
Инцидент се случил во Казнено-поправната установа „Затвор Скопје“ во Шуто Оризари, каде што дошло до физичка пресметка меѓу затвореници.
Според информациите, во тепачката учествувале повеќе осудени лица, по што настанала вознемиреност во затворот и морало да интервенира затворското обезбедување за да се стави ситуацијата под контрола.
Засега нема официјални детали за причините што довеле до судирот, ниту пак дали има потешко повредени лица. Надлежните институции работат на расчистување на случајот и утврдување на одговорност.
Од Управата за извршување санкции не излегуваат со дополнителни информации, но потврдуваат дека се преземаат мерки за целосно утврдување на околностите и за спречување на вакви инциденти во иднина.























