УТРО.мк

Картелот CJNG и објави војна на државата: Запалени градови, пукање, блокади и паника во Џалиско и Пуерто Ваљарта – ВИДЕО

Картелот CJNG и објави војна на државата: Запалени градови, пукање, блокади и паника во Џалиско и Пуерто Ваљарта – ВИДЕО
Vero

Мексиканската сојузна држава Џалиско се соочува со сериозна безбедносна криза по ликвидацијата на лидерот на картелот CJNG, Немесио Осегера Сервантес – „Ел Менчо“.

Според информации што кружат на социјалните мрежи и локални медиуми, вооружени групи поврзани со картелот започнале координирани акции во повеќе градови, меѓу кои Гвадалахара и туристичкиот центар Пуерто Ваљарта.


Пријавени се блокади на патишта, запалени возила и вооружени лица кои поставуваат барикади во близина на клучни сообраќајници и туристички комплекси. Се наведува дека аеродромот во Гвадалахара бил погоден од инциденти и дека дел од сообраќајот е прекинат, што предизвикало паника меѓу патниците.


На социјалните мрежи се споделуваат и видеа од воздух на кои се гледаат чад и запалени автомобили, додека локалните власти испраќаат безбедносни сили за воспоставување контрола врз ситуацијата. Засега нема официјална потврда за бројот на жртви.


Поради ескалацијата, се појавија и апели граѓаните да останат во затворени простории и да избегнуваат движење, особено во погодените региони. Туристичките области во Пуерто Ваљарта, каде престојуваат и голем број странски државјани, се ставени под засилени безбедносни мерки.


Овој бран на насилство се толкува како директен одговор на картелот по ударот врз неговото раководство, што дополнително ја заострува борбата меѓу мексиканските власти и организираниот криминал.


Ситуацијата останува тензична, а безбедносните сили продолжуваат со операции за расчистување на блокадите и враќање на нормалниот сообраќај и јавен ред.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран