УТРО.мк

Хорор во дебарско: Жена грабната од дома, претепана и силувана

Хорор во дебарско: Жена грабната од дома, претепана и силувана
Vero

ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Л. (26) од дебарското село Џепиште за кривичните дела „грабнување“ и „полов напад и силување“, како и против Е.В. (18) од село Отишани, за „грабнување“.

Според полицијата, на 06.11.2025 околу 19 часот, жената на возраст од 30 години била насилно однесена од својот дом во село во дебарско. Таа била ставена во патничко возило „Ауди“, управувано од Е.В., и однесена кон напуштен објект во близина на Струга, каде А.Л. физички ја нападнал и извршил полов напад врз неа.

Постраданата паднала во бессознание, а сторителите потоа ја однеле во Општата болница во Струга. Сторителите се пронајдени, лишени од слобода и против нив се поднесени кривични пријави.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран