Според најновата листа на американската агенција „Блумберг“, најбогатиот човек на светот повторно е сопственикот на компаниите Tesla, SpaceX и социјалната мрежа X — Илон Маск, чијашто имотна состојба моментално се проценува на 449 милијарди долари (388 милијарди евра).
Основачот на компанијата Oracle, Лери Елисон, се наоѓа на второто место со 297 милијарди долари (256,7 милијарди евра), додека на третото е основачот на Amazon, Џеф Безос, со богатство од 265 милијарди долари (229 милијарди евра).
На четвртото и петтото место се коосновачите на Google, Лери Пејџ со 242 милијарди долари (209 милијарди евра) и Сергеј Брин со 226 милијарди долари (195,5 милијарди евра).
Основачот на Meta, Марк Цукерберг, е на шестото место со 220 милијарди долари (190 милијарди евра), додека францускиот милијардер Бернар Арно е на седмото место со богатство проценето на 191 милијарда долари (165 милијарди евра).
Арно е воедно и единствениот неамериканец меѓу 15-те најбогати луѓе во светот.
Основачот на Microsoft, Бил Гејтс, се наоѓа на 15-то место со богатство од 117 милијарди долари.























