УТРО.мк

Столтенберг откри што барал Зеленски: “Мораше да одбијам”

Столтенберг откри што барал Зеленски: “Мораше да одбијам”
Vero

Столтенберг: Зеленски бараше забранета зона за летање како во БиХ, морав да одбијам

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека во февруари 2022 година украинскиот претседател Володимир Зеленски, од бункерот во Киев, телефонски го замолил НАТО да воведе забранета зона за летање над Украина — барање што Столтенберг морал да го одбие, пренесува The Times.

Според неговите зборови, Зеленски ја нагласил итноста на ситуацијата, бидејќи руските тенкови веќе биле распоредени во близина на главниот град, и се повикал на примерот од 1990-тите, кога алијансата воспостави контрола врз воздушниот простор над Босна и Херцеговина.

Столтенберг објасни дека НАТО не можел да прифати вакво барање бидејќи воспоставувањето на зона на забрана за летање би подразбирало уништување на руските противвоздушни системи поставени во Белорусија и Русија.

„Тоа би значело и обележување на руски авиони и хеликоптери како цели – чекор што неминовно би довел до директен вооружен судир меѓу НАТО и Русија,“ истакна тој.

Според Столтенберг, избегнувањето на таков директен конфликт било клучен фактор во одлуката на алијансата да не воведе забранет зон за летање над Украина.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран