УТРО.мк

Судир на возови во Словачка: Десетици повредени

Судир на возови во Словачка: Десетици повредени
Vero

Во Словачка вечерва се судрија два воза откако еден налета на задниот дел на другиот, при што десетици патници се повредени, соопшти полицијата и министерот за внатрешни работи на Словачка.

Министерот Матуш Шутај-Ешток во телевизиско јавување од местото на несреќата изјави дека десетици лица се полесно повредени, а 11 се пренесени во болница. Смртни случаи нема.

Полицијата преку Фејсбук објави дека, според првичните информации, немало директен судир на возовите и дека возовите не излегле од шините.

Несреќата се случила во коридорот меѓу главниот град Братислава и Пезинок, на 20 километри североисточно од главниот град. Еден патник за порталот Aktuality.sk опиша дека судирот звучел како силна експлозија.

Ова е втор ваков инцидент во Словачка во последниот месец. На 13 октомври два воза се судрија на истокот на земјата, при што беа повредени 91 лице.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран