УТРО.мк

Борците на Хамас во Рафах одбиваат капитулација: „Тоа не постои во нашиот речник“

Борците на Хамас во Рафах одбиваат капитулација: „Тоа не постои во нашиот речник“
Vero

Борците на Хамас кои се кријат во подрачјето на Рафах, под израелска контрола во Газа, порачаа дека нема да се предадат, повикувајќи ги посредниците да најдат решение за кризата што го загрозува едномесечниот прекин на огнот.

Според извори блиски до преговорите, египетските посредници предложиле борците да го предадат оружјето во замена за безбеден премин во други делови на енклавата. Планот, исто така, предвидува оние што остануваат во Рафах да го предадат оружјето на Египет и да откријат информации за тунелите со цел тие да бидат уништени.

Во неделната изјава, Бригадите „ал-Касам“ нагласија дека Израел е одговорен за судирите и дека нивните борци делуваат во самоодбрана. „Непријателот мора да знае дека поимот предавање не постои во нашиот речник,“ порачаа од Хамас.

Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф изјави дека предложениот договор, кој се однесува на околу 200 борци, би можел да биде тест за поширокиот процес на разоружување на Хамас во цела Газа.

Бригадите не коментираа дали ќе продолжат преговорите, но предупредија дека кризата може да го загрози прекинот на огнот. „Посредниците мора да преземат одговорност и да обезбедат негово почитување, спречувајќи го непријателот да користи изговори за нови напади врз цивили,“ се наведува во соопштението.

Од стапувањето во сила на примирјето на 10 октомври, Рафах беше сцена на најмалку два напади врз израелските сили, за кои Тел Авив го обвини Хамас. Групата ја отфрли одговорноста. Најтешкото насилство се случи неодамна, кога беа убиени тројца израелски војници, а израелскиот одговор резултираше со смрт на десетици Палестинци.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран