На 8 ноември околу 23:50 часот во СВР Тетово било пријавено нарушување на јавниот ред и мир пред угостителски објект на улицата „Борис Кидрич“ во Тетово.
Полициските службеници веднаш излегле на лице место, каде што бил затекнат 24-годишниот Б.Т. од Тетово, кој пријавил дека бил физички нападнат од повеќе лица.
Оштетениот бил пренесен во Ургентниот центар во Тетово, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Од СВР Тетово информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и идентификација на сите учесници во тепачката.























