На паркинг простор во скопската општина Аеродром, ноќта кон неделата бил опожарен автомобил „сеат леон“ со скопски регистарски таблици, сопственост на 48-годишен жител на Скопје.
Пожарот избувнал околу 00:45 часот и бил локализиран од екипите на Бригадата за противпожарна заштита. При настанот нема повредени лица.
Од СВР Скопје извршиле увид на местото на настанот и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, вклучително и утврдување на причините за пожарот.























