Пет лица се приведени во Ресен, Битола, Куманово и Берово, поради управување моторни возила под дејство на алкохол, соопшти МВР.
Во Ресен, околу 02:10 часот на ул. „Ленинова“, полициски службеници го привеле Б.Л. (45) од с. Царев Двор, кај кого биле измерени 2,78 промили алкохол во крвта. Тој управувал патничко возило „пежо“ со ресенски регистарски таблици.
Нешто подоцна, во 02:19 часот во Битола, на ул. „Новачки пат“, бил приведен А.М. (19) од с. Логоварди, кој возел „голф“ со 1,64 промили алкохол во крвта.
Во друг случај во Битола, на ул. „Партизанска“, е приведен Б.Б. (44) откако било утврдено дека управувал „шевролет“ со 2,55 промили алкохол.
Во Куманово, на булевар „Трета македонска ударна бригада“, полициската станица за безбедност на патниот сообраќај привела државјанин на Србија, З.Д. (44), кој возел „голф“ со 1,74 промили алкохол.
Во с. Будинарци, на регионалниот пат Берово–Виница, бил приведен М.П. (54) од с. Митрашинци, по сообраќајна незгода во која учествувал со „пежо“. При тестирање, кај него биле утврдени 1,83 промили алкохол.
По целосна обработка на случаите, против сите ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“.























