Едно лице го загуби животот, а осум други се повредени во тешка сообраќајна несреќа што утрово се случила на патниот правец помеѓу Умка и Обреновац, во близина на Белград.
Според првичните информации, до несреќата дошло кога патничко возило се судрило директно со автобус што сообраќал на редовна линија. Возачот на автомобилот починал на лице место.
Повредените патници од автобусот се пренесени во Ургентниот центар, каде им се укажува медицинска помош. Нивната состојба засега не е соопштена.
Полицијата изврши увид на терен, а сообраќајот на овој дел од патот е значително забавен. Причините за несреќата се уште се утврдуваат.























