На 07.11.2025 во 20:20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на ул. ,,Илинденска” во Тетово, пред угостителски објект, било опожарено патничко возило ,,бмв“ со дебарски регистерски таблици, управувано од Р.Ф.(29) од с.Мала Речица. Нема повредени лица, а со интервенција од Територијалната противпожарна единица -Тетово, пожарот бил локализиран. Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово.























