Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека владата ќе им исплати „дивиденда“ од најмалку 2.000 долари по лице на повеќето граѓани, објави тој на својата платформа Truth Social.
Трамп појасни дека мерката нема да важи за граѓани со високи приходи, пренесе ДПА. Тој ја пофали американската економија и истакна дека царините ќе донесат „трилиони долари“, кои наскоро ќе можат да се искористат за намалување на државниот долг.
„Луѓето кои се против царините се будали!“, напиша Трамп, додавајќи ја својата поддршка за економските мерки на администрацијата.























