Патувањето од Виена до Загреб излезе поевтино отколку краткото возење со такси во хрватската престолнина. Жена која живее во Австрија плати 52 евра за такси од главната железничка станица до главната автобуска станица во Загреб – растојание од само два километри кое трае околу 10 минути.
„Се радував на Хрватска цели 10 минути. А потоа таксистот ми уништи сè“, раскажува таа за медиумот „24sata“. Патничката ја пријавила ситуацијата и доставила сметка како доказ за ненормалната цена.
Според нејзините зборови, таксистот се оправдал дека неговиот тарифен старт е 10 евра по километар и дека ги плаќа сите придонеси законски, за разлика од други колеги кои работат нелегално. Жената инсистирала да плати со картичка и да добие сметка.
За споредба, билетот за воз од 600 километри ја чинел 59 евра, а авионскиот билет Виена – Загреб само 30 евра. Таа веќе ја пријавила ситуацијата кај Здружението за заштита на потрошувачи и во даночната администрација.
Случајот повторно ја отвора дискусијата за нереалните такси-тарифи во големите градови и ризикот од злоупотреби кон туристи и посетители.























