Албанските власти запленија 25 тони пченка увезена од Србија, откако лабораториските тестови покажале опасно високи нивоа на афлатоксин – токсин кој се создава во мувлосани житарици и е познат како канцероген.
Од тамошната Агенција за безбедност на храна соопштија дека пратката е стопирана на граница и нема да биде пуштена во употреба.
Стручњаците предупредуваат дека афлатоксинот претставува сериозен ризик не само за добитокот, туку и за луѓето доколку преку храната влезе во синџирот на исхрана.
Албанските инспекции најавуваат зајакнати контроли на сите пратки на жита и сточна храна што пристигнуваат во земјата.
























