УТРО.мк

Камион се запали во движење на автопатот Скопје–Тетово, возачот повреден

Камион се запали во движење на автопатот Скопје–Тетово, возачот повреден
Vero

Попладнево на автопатот Скопје–Тетово, кај селото Групчин, избувнал пожар во товарно моторно возило од марката „Рено“ со гостиварски регистарски таблички, при што возачот се здобил со повреди и бил пренесен во болница.

Според информациите од СВР Тетово, во 20:00 часот било пријавено дека на делницата кај Добарски мост било зафатено од пожар товарното возило управувано од лицето Б.М. (32). Возачот бил итно префрлен во Клиничката болница во Тетово со возило на Итната медицинска помош.

Благодарение на брзата реакција на Територијалната противпожарна единица од Тетово, пожарот бил успешно локализиран и изгаснат. На интервенцијата учествувале пет пожарникари со две возила – специјализирано теренско возило и противпожарен камион.

Командирот на единицата, Авни Амети, изјави дека пријавата ја добиле во 19:55 часот и веднаш реагирале. Полицијата врши увид на местото за да ги утврди причините за избувнувањето на пожарот.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран