УТРО.мк

Американски државјанин пронајден мртов во контејнер во Претор, Ресен

Американски државјанин пронајден мртов во контејнер во Претор, Ресен
Vero

Американски државјанин на возраст од 56 години е пронајден мртов во монтажен контејнер во селото Претор, во близина на Преспанското Езеро, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„На 11.07.2025 во 10:54 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека во монтажен контејнер во село Претор, бил пронајден починат К.Џ.С. (56) од САД“, информираа од полицијата.

На местото на настанот излегла увидна екипа од СВР Битола, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција за да се утврдат причините за смртта.

Во моментот не се соопштуваат дополнителни информации за идентитетот на починатиот, ниту дали се сомнева на насилна смрт. Случајот е во фаза на истрага.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран