Двајца припадници на Армијата се здобиле со повреди при обид да интервенираат во пожар кој избувнал вчера околу 14 часот во касарната во Тетово, информира Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Тетово.
„Интервениравме со седум пожарникари, два противпожарни камиона и едно теренско возило за специјални интервенции. Пожарот беше локализиран за половина час“, изјави командирот на ТППЕ Тетово, Авни Амети.
Според него, повредените во моментот на пожарот се обиделе самостојно да реагираат, по што биле префрлени во Клиничката болница во Тетово за понатамошна медицинска помош.
Причините за пожарот засега не се познати.