Кривична пријава е поднесена против поранешниот директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево, С.С., поради сомнение за „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“.
Според извештајот на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево, пријавениот, како директор на јавното претпријатие, во периодот од декември 2023 до април 2024 година, не ги испочитувал одредбите на Колективниот договор за јавниот сектор и Законот за работни односи. Тој не им исплатил по 3.500 денари на 76 вработени, со што ја оштетил компанијата и вработените за вкупно 266.000 денари.
Случајот е предаден на надлежното обвинителство за понатамошно постапување.



























