На 24.10.2025 01:30 часот во СВР Тетово, Е.А. од Тетово пријавил дека пред угостителски објект на ул.„Маршал Тито“ во Тетово пронашол малолетник на возраст од околу 9 години кое било изгубено и не комуницирал. Веднаш било постапено по пријавата и било констатирано дека малолетникот е од Шуто Оризари-Скопје и дека неговиот татко се вика Е.М., кој со други деца со комбе биле донесени во Тетово за питачење и околу 22:00 часот комбето со други деца заминале за Скопје, а него го заборавиле во Тетово. Известени биле претставници од Центар за социјални работи Тетово, кои по документирање на случајот, детето го предале на претставници од Центар за социјални работи-Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.































