УТРО.мк

Украинските партизани шпионирале руски бази во Севастопол – „Секој ден сме поблиску до ослободување на Крим“

Украинските партизани шпионирале руски бази во Севастопол – „Секој ден сме поблиску до ослободување на Крим“
Vero

Партизанското движење „Атеш“, кое делува на окупираниот Крим, спроведе тајна шпионска операција во Севастопол, при што собрало информации за руските воени и безбедносни објекти.

Според извештајот објавен на Телеграм, агентите на „Атеш“ спровеле детално извидување на одделот за владини комуникации, формиран од Москва, како и на специјалната единица „Алфа“ на Федералната служба за безбедност (ФСБ).

Комплексот, опремен со бројни антени и сателити, служи како централно командно седиште на руските сили и администрација на Крим. Преку него се координираат операциите на сите безбедносни служби, се пренесуваат наредби од руското раководство и се одржува шифрирана комуникација со командите на терен во Украина.

Од движењето „Атеш“ наведуваат дека и покрај строгите мерки за безбедност, нивните оперативци успеале да приберат клучни податоци за начинот на работа, распоредот на обезбедувањето и преносот на доверливи документи меѓу руските команди.

Прибраните информации, кои вклучуваат и точни координати на објектите и детали за нивната внатрешна структура, веќе биле предадени на украинските вооружени сили, објави Kyiv Post.

„Го гледаме сè – дури и она што непријателот мисли дека е скриено. Ослободувањето на Крим е сè поблиску“, порачаа од „Атеш“.

Во посебен извештај од 21 октомври, групата соопшти дека нејзините агенти истражиле и руски центар за електронско војување во Севастопол, кој обезбедува заштита на бродовите на Црноморската флота, на системите за крајбрежна одбрана и на воените авиони.

Партизаните тврдат дека неутрализацијата на овој центар би овозможила прецизни напади врз руските сили и би отворила нови можности за напредок на украинските операции на Крим.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран