УТРО.мк

Харвардска студија тврди: Можно е интелигентни суштества да живеат меѓу нас, скриени под земја или во океаните

Харвардска студија тврди: Можно е интелигентни суштества да живеат меѓу нас, скриени под земја или во океаните
Vero

Научници од Харвард и Технолошкиот универзитет во Монтана објавија студија која ја преиспитува идејата за постоење на вонземски живот — но не во далечниот космос, туку тука, на Земјата. Според нив, неидентификуваните аномални појави (UAP) можеби се резултат на активности на интелигентни суштества што живеат под земјината површина, во океаните или на други тешко достапни места.

Во извештајот, кој го пренесува Science Alert, научниците предупредуваат дека нивната хипотеза е „контроверзна“, но бара „отвореност и научна чесност“ во потрагата по вистината. Тие го користат терминот Non-Human Intelligence (NHI) – „нечовечка интелигенција“ – наместо зборот „вонземјани“, укажувајќи дека овие суштества можеби не доаѓаат од вселената, туку од нашата сопствена планета.

Истражувањето се повикува и на сведоштва на поранешни американски разузнавачи, според кои владата на САД располага со неидентификувани летала од „непознато потекло“. Сенаторот Чак Шумер дури изјави дека јавноста има право да ја знае вистината за можната „нечовечка технологија“.

Научниците во трудот разгледуваат и т.н. „криптотерестријална“ теорија – според која овие суштества можат да живеат во подземни простори, океански длабочини или во близина на вулкани. Особено внимание посветиле на феномените забележани кај мексиканскиот вулкан Попокатепетл, каде што снимките покажуваат појава на мистериозни светлосни топки што исчезнуваат во кратерот.

Некои истражувачи дури не ја исклучуваат можноста дека UAP може да имаат интердимензионално или временско потекло – односно да се работи за патници низ време или суштества од други реалности.

„Нашата должност како научници е да ги истражиме и најневеројатните идеи,“ наведуваат авторите на студијата. „Доколку овие феномени навистина се дел од нашиот свет, тоа би можело засекогаш да го промени нашето сфаќање за животот и неговите граници.“

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран