УТРО.мк

Светот на праг на откривање на вакцина против ракот

Светот на праг на откривање на вакцина против ракот
Vero

Биохемичарката и добитничка на Нобелова награда за медицина 2023, Каталин Кариќо, изјави дека светот е на прагот на создавање вакцина против рак, автоимуни и можеби други заболувања, што би означило нова ера за човештвото.

Кариќо, заедно со Дру Вајсман, ја добија Нобеловата награда за својот долгогодишен научноистражувачки труд кој доведе до развој на mRNA технологијата, користена прво за експресно создавање ковид вакцини. Таа потенцира дека mRNA само ја пренесува информацијата како телото да создаде специфична молекула за активирање на имунолошкиот систем, а несаканите ефекти се резултат на индивидуална реакција на имунитетот, не на самата технологија.

Нејзината љубов кон биохемијата започнала спонтано во Унгарија, а подоцна во Пенсилванија се посветила целосно на mRNA. Од детството била фасцинирана од природата и биологијата, а трудот и посветеноста ги учела од семејството и наставниците.

Кариќо истакнува дека секој треба да верува во своите соништа и да се фокусира на она што сака да го постигне, без да дозволи другите да ги поставуваат правилата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран