УТРО.мк

Битолчанка измамена од 20.000 евра – Ова се деталите

Битолчанка измамена од 20.000 евра – Ова се деталите
Vero

70-годишна жена од Битола пријавила во полиција дека била измамена за 20.000 евра, откако непознато лице телефонски ѝ соопштило дека нејзината ќерка наводно паднала по скали и ги искршила вилицата и ногата. Измамникот побарал итни средства, тврдејќи дека за наводните повреди морало да се вградат „златни шипки“.

Жената, верувајќи дека се работи за животна ситуација, ги оставила парите на договорено место. Подоцна, кога успеала да ја добие својата ќерка, сфатила дека целата приказна била измама.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и идентификација на сторителот.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран