На социјалните мрежи се појави видео од пожар во еден од објектите во Скопската Стара чаршија. На снимките се гледа огнената стихија и интервенција на противпожарните екипи.

Засега нема потврдени информации за повредени лица, а причините за пожарот се во тек на утврдување. Граѓаните се повикуваат да се држат подалеку од местото на настанот и да ги следат инструкциите на службите.



























