Клиниката за детски болести во Скопје соопшти радосна вест за малото дете Лир, кое ја заврши својата тешка битка со болеста и успешно ја помина третманската процедура.
„Победничкото ѕвонче повторно силно заѕвони за да слушнат сите дека нашиот јунак Лир храбро ја помина и ја освои тешката битка“, стои во соопштението од Клиниката.
На Лир му посакуваат многу здравје, среќно и безгрижно детство, со надеж дека ќе продолжи да расте во радост и среќа.



























