Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, со влажни коловози на некои делници.
Намалена видливост поради магла, која на одредени места достигнува до 50 метри, е регистрирана на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево, соопшти Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ).
Од 15 ноември, возачите се обврзани да поседуваат зимска опрема, без оглед на моменталните временски услови, обврска која ќе трае до 15 март 2026 година.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања.
АМСМ препорачува возачите да прилагодат брзина на движење, да ги почитуваат сообраќајните знаци и да управуваат внимателно, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои ризик од одрони. Особено внимание се советува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.



























