На 3 декември околу 18:40 часот, две лица извршиле разбојништво во филијала на финансиско друштво за брзи кредити на подрачјето на Кисела Вода во Скопје.
Според пријавата во СВР Скопје, осомничените со закана кон вработената одзеле пари и се оддалечиле од местото на настанот.
Полицијата извршила увид на местото на настанот и започнала истрага за утврдување на идентитетот на сторителите и пронаоѓање на одземените средства.



























