По неколкумесечна интензивна потрага, случајот со исчезнувањето на 28-годишниот Миле Тодоров од Неготино доби трагичен епилог.
Младиот Тодоров беше пријавен за исчезнат во јануари годинава, по што следеше долг период на потрага во која беа вклучени семејството, полицијата и јавноста.
Веста за неговата смрт ја потврди неговата сестра, Марија Тодорова, преку јавна објава, со што стави крај на неизвесноста која траеше со месеци.



























