УТРО.мк

Двајца возачи фатени пијани по сообраќајки во Неготино и Злетово

Двајца возачи фатени пијани по сообраќајки во Неготино и Злетово
Vero

Двајца возачи се лишени од слобода во одделни полициски интервенции во Неготино и Злетово, откако управувале возила под дејство на алкохол и предизвикале сообраќајни незгоди.

Според информациите од МВР, во Неготино околу 20:45 часот на улица „Првомајска“, 35-годишниот Ѓ.А. од Кавадарци со „фолксваген голф“ излетал од патот и удрил во бандера, по што го напуштил местото на несреќата. Полицијата го пронашла во 21:15 часот, а алкотестот покажал 1,83 промили алкохол.

Во Злетово, пак, полициски службеници од ОВР Пробиштип го привеле 28-годишниот Ј.Ј., кој во 17:50 часот учествувал во сообраќајна незгода со материјална штета на крстосницата меѓу улиците „Македонија“ и „Бошко Петров“. Алкотестирањето утврдило 1,84 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случаите, против двајцата возачи ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран